Нова пресуда

По две години затвор за сите обвинети во случајот „Титаник 2“

23.01.2023 13:42

На повтореното судење, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков е осуден на казна затвор од две години за примање награда за противзаконито влијание. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, исто така доби казна затвор од две години.

Нова пресуда за случајот „Титаник 2“. По две години затвор добија сите обвинети во случајот, соопштија судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани за предметот кој се однесува на изборни нерегуларности на изборите во 2013 година. Судот ги ценел сите олеснителни и отежнувачки околности и ги огласи сите осомничени за виновни.

На повтореното судење, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков е осуден на казна затвор од две години за примање награда за противзаконито влијание. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, исто така доби казна затвор од две години.

Од екс-членовите на ДИК, кои добија преквалификација на дело и сега се гонат за повреда на избирачко право, на Бедредин Ибраими му е изречена казна затвор од две години, исто како и Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анита Стефановска кои добија казна затвор од две години.

Со првата пресуда изречена на 8-ми март 2019-та обвинетите беа осудени на затворски казни, меѓутоа скопска Апелација ја укина пресудата и го врати случајот на повторно судење.

Случајот „Титаник 2“ се однесува на договарање за гласање за приговори во корист на ВМРО-ДПМНЕ за локалите избори во 2013-та година во Струмица.