Основницте и средношколците се вратија во училишните клупи
Ѕвончето го означи почетокот на второто полугодие. Децата среќни, а родителите загрижени, велат дека поради состојбата со вируси и грип стравуваат за здравјето на децата...

Скопје повторно со некогашниот метеж, учениците се вратија во училишните клупи. Ѕвончето го означи почетокот на второто полугодие. Децата среќни, а родителите загрижени, велат дека поради состојбата со вируси и грип стравуваат за здравјето на децата.
Во земјава е регистриран и прв случај на заразен со новиот сој кракен. Епидемиолозите уверуваат дека нема простор за паника. Кракенот е со лесна клиничка слика. Наставниците ги пречекаа децата. Уверуваат дека учениците имаат стекнато хигиенски навики.
Распустот беше продолжен со одлука на владата поради подобра функционалност на наставата, беше споен религиозен празник со викендот.
Министерот за образование Шаќири најави дека на почетокот на полугодието учениците од второ одделение ќе ги добијат учебниците по математика и по општество.
Ана Јосифовска Тодоровска
