мвр

Расчистени пет кривични дела тешка кражба на подрачје на ОВР Кочани

23.01.2023 16:17

Расчистени се вкупно пет кривични дела: една тешка кражба од ЈЗУ Општа болница-Кочани, две тешки кражби од куќи и две тешки кражби на дрзок начин, сите сторени на подрачјето на ОВР Кочани...

Денеска во ОВР Кочани е извршен службен разговор со 16-годишен малолетник, во присуство на родител, при што расчистени се вкупно пет кривични дела: една тешка кражба од ЈЗУ Општа болница-Кочани, две тешки кражби од куќи и две тешки кражби на дрзок начин, сите сторени на подрачјето на ОВР Кочани.

Одземеното ќе биде вратено на оштетените, а по документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.