Сообраќаен хаос на патот Тетово-Попова Шапка
Центарот нема доволно паркинг места да опслужи илјадници возила, кои за време на скијачката сезона доаѓаа во центарот, па така голем број од возачите се паркираат долж патот Тетово – Попова Шапка...

На официјалното отворање на скијачката сезона на Попова Шапка која започна вчера, патот Тетово-Попова Шапка беше блокиран повеќе од 3 часа. Возачите останаа заглавени. Центарот нема доволно паркинг места да опслужи илјадници возила, кои за време на скијачката сезона доаѓаа во центарот, па така голем број од возачите се паркираат долж патот Тетово – Попова Шапка.
Од СВР Тетово велат дека во пресрет на официјалното отворање на новата скијачка сезона, преземени се сите неопходни мерки и целосно бил покриен регионалниот пат Тетово-Попова Шапка со поголем број полициски службеници и возила.
Но, неадекватниот капацитет на коловозот за толку голем број возила и до 10 илјади, дополнително стеснет поради снегот, ја намалиле сообраќајната проточност на овој потег, а евидентен бил недостигот на простор за паркирање, додадоа од СВР Тетово.
