Долгот на бивша Југославија е 90 милијарди евра
Македонија должи 2,7 милијарди евра

На сите поранешни југословенски републики освен на Словенија им се заканува должничко ропство заради долговите од 90 милиони евра, оценува словенечкиот весник ,,Дневник“.
За нешто повеќе од две цении по распадот на Југославија долговите на поранешните републики пораснал од 20 на 90 милијарди евра. Словенија е најзадолжена, но, поради високиот бруто домашен производ е еднствена што е во состојба да го врати.
,,Сите земји, освен Словенија, полека се лизгаат кон должничко ропство доколку не преземат итни и строги мерки“-пишува Дневник. Наведува дека долгот на Словенија е најголем и изнесува 28,8 милијарди евра, но поради високиот БДП кој е истот така највисок од сите поранешни ЈУ-држави, има можност да го отплати. ,,Јавниот долг на Словенија е 71,7 % од БДП, а се проценува дека годинаваќе порасне на 81%. Тоа е 4 пати повеќе во споредба со 2008 година, односно пред да избие глобалната финансиска криза“ , наведува весникот.
На второ место е Хрватска со долг од 28,7 милијарди евра, па Србија со 20 милијарди или 63,3% од БДП. БиХ има долг од 5,5 милијарди евра, Македонија 2,7 милијарди евра и Црна Гора со најмал долг од 1,7 милијарди евра.
Соња Стојановска
