Италија

Уапсен Андреа Бонафеде, човекот кој му го позајмил идентитетот на шефот на Коза Ностра

24.01.2023 09:28

Италијанската полиција на Сицилија го уапси Андреа Бонафеде, човекот кој му го позајмил идентитетот на мафијашкиот шеф, Матео Месина Денаро, кој успешно се криеше од законот 30 години...

Италијанската полиција на Сицилија го уапси Андреа Бонафеде, човекот кој му го позајмил идентитетот на мафијашкиот шеф, Матео Месина Денаро, кој успешно се криеше од законот 30 години.

Обвинителите веруваат дека Бонафеде, наводно член на Коза Ностра, добил 20.000 евра од него за куќа во западна Сицилија, едно од засолништата.

Денаро беше уапсен во клиника во Палермо каде бил на хемотерапија, со лична карта на Бонафеде и заменета фотографијата.