Украина

Герасимов: Новата реформа е одговор на потенцијалното ширење на НАТО

24.01.2023 09:29

Донбас, Херсон и Запорожје меѓу најкритичните точки на украинскиот фронт. Според Киев, руските сили деноноќно гранатираат позиции на војската на противникот...

Донбас, Херсон и Запорожје меѓу најкритичните точки на украинскиот фронт. Според Киев, руските сили деноноќно гранатираат позиции на војската на противникот.

Новиот началник на генералштабот на руската армија Герасимов изјави дека новата реформа е одговор на потенцијалното ширење на НАТО. Финска и Шведска лани го поднесоа барањето за влез во Алијансата.

Според новиот план на Москва, еден корпус оди во Карелија, северозападна Русија, на граница со Финска. Ќе бидат воспоставени два воени окрузи, Москва и Ленинград кои се споија во 2010 година за да станат дел од Западниот воен округ.

Во Украина ќе бидат испратени уште три моторизирани дивизии, кои ќе бидат дел од комбинираните воени формации во регионите Херсон и Запорожје.