Борел: Предлозите на ЕУ носат придобивки за Белград и Приштина
„Предлозите на ЕУ носат придобивки за Белград и Приштина, тие се единствениот начин да се прекине магичниот круг на кризата на терен и да се намали ризикот од натамошна ескалација“, изјави Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел...

„Предлозите на ЕУ носат придобивки за Белград и Приштина, тие се единствениот начин да се прекине магичниот круг на кризата на терен и да се намали ризикот од натамошна ескалација“, изјави Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.
Брисел прави нови обиди за подготовка на следната рунда лидерски разговори како дел од дијалогот за нормализација на односите. Претседателот на Србија Вучиќ и премиерот на Косово Курти лани се сретнаа двапати, но ниту една средба не даде резултат.
