„Стандард и Пурс“ ги намали очекувањата за рејтингот на 15 европски банки
Агенцијата Стандард и Пурс ги намали очекувањата за рејтингот на 15 европски банки (вклучувајќи ги Берклис, Кредит Свис и Дојче Банк), откако Евро парламентот ја прифати законската рамка со која се спречува владите да ги спасуваат „проблематичните“ банки.

Во објаснувањето на С& П , зошто дел од банките од стабилни сега се во групата проблематични, се вели дека владите по усвојувањето на реформи во овој сектор , ќе ја редуцираат буџетската поддршка на банките. Европскиот парламент ова го регулира преку закони кои се поповолни за даночните обврзници и со кои полесноќе се ,,гаснат“ проблемите во банките. Банкарската индустрија сега се смета за главен виновник за економските кризи на државите во последниве неколку децении.
Меѓу големите банки со намален рејтинг се наоѓаат АБН АМРО, Банката на Ирска и ИНГ Банк . Стандард и Пурс денеска ги покачил прогнозите за Данске Банк и Аргента Шпарбанк. Агенцијата ја задржаланегативната прогноза за 38 банки и оценката стабилни за 15 банки. 5 банки го задржале својот претходен кредитен рејтинг , но ќе бидат под постојан надзор со можност за надолна промена .
Соња Стојановска
