Заемот за изградбата и реконструкција на железничката пруга Бељаковце – Крива Паланка пред пратениците
Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи стотата седница...

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи стотата седница.
На предложениот дневен ред засега се четири точки и тоа: Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за административните такси, по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по договорот за заем за финансирање на Проектот „Изградба на нова и реконструкција на постојната делница Бељаковце – Крива Паланка – источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, фаза 2“, по скратена постапка. По скратена постапка се и измените и дополнувањата на Законот за пасишта.
Пратениците треба да расправаат и за Годишниот извештај за работењето на Оперативно-техничката агенција за 2022 година.
