Колку се ценкаат Македонците?

27.11.2013 21:49

Го нема во речникот, ама во секојдневието е од памтивека. Ценкањето. Купувачи, продавачи. Едните  да спуштат цена, другите да останат на своето.

На Истокот е уметност, го има и на Западот. Ценкањето или пазарењето кај нас со свои приврзаници.

Некои никогаш не мислат да се пазарат

Продавачите велат, знаат кој се пазари  а кој не.

Ретко се прави пазар во дуќаните . Во светот на приватниот капитал е одамна.

-    И во Америка, и во Канада, и во Австралија се пазарат. Секогаш бараат пониска цена, посебно на поголема сума, вели Дарко Стојоски, бизнисмен

Економија или традиција. За етнолозите е поврзано.  Цел свет се пазари од памтивека. Не ретко е претстава и за публиката.

-         Ценкањето не е само да ја утврдите цената на производот, туку и да го надмудрите оној на кој му продавате, или нормално, ако вие купувате. Секогаш ќе имаме ценкање за земја, недвижнини, за производи кои човекот сам ги продал , и , како што велат Прилепчани, не е само економија, туку и „љатифе“, вели Александар Цветкоски, етнолог.

Ако сте приврзаник на ценкањето, односно пазарењето, правете го тоа каде можете. Но, велат  со едно вечно правило: Спуштајте ја цената колку сакате, но никогаш не кудете го производот.

Елизабета Митреска