Иванов го зема уверението за втор мандат
Рилковски гласаше за заклучокот за конечниот изборен резултат според кој Иванов го доби вториот претседателски мандат , но денеска не се појави во ДИК. Врачувањето на уверението му го отстапи на Бедредин Ибраими .

Во информацијата испратена до медиумите беше најевено дека Рилковски, прв во името на ДИК ќе му ја честита изборната победа на Иванов. Појаснување за промената изостана. Од ДИК молк- Зошто на церемонијата ги немаше заменик претседателот Субхи Јакупи и Виолета Дума. Од седумте члена на комисијата освен од Ибраими честитки за Иванов и од Стефановска , Сајковски и Срцев .
Остана безуспшешен обидот на медиумите за појаснување и од Ибраими. Од него само краток одговор. Нема потреба да се појаснува она што веќе е јасно. Сепак нејасно останува зошто откако Рилковски, Јакупи и Дума ставија потписот на изборниот резултат не беа присутутни на врачувањето на документот.
Виолета Димовска