Вучиќ: Условен да го прифати планот за Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ не верува дека е можно да се постигне решение со Владата на Косово предводена од премиерот Курти. „Геополитичките околности се сменија, Белград не може да ја спречи Приштина да влезе во НАТО и во Советот на Европа“, нагласи српскиот претседател...

Српскиот претседател Александар Вучиќ не верува дека е можно да се постигне решение со Владата на Косово предводена од премиерот Курти. „Геополитичките околности се сменија, Белград не може да ја спречи Приштина да влезе во НАТО и во Советот на Европа“, нагласи српскиот претседател.
Вучиќ реагираше и на пораките од, како што вели, „задната петорка“, која според него, го условувала да го прифати француско-германскиот предлог за да не се соочи со прекин на евроинтегративниот процес.
„Предлозите на ЕУ носат придобивки за Белград и Приштина, тие се единствениот начин да се прекине магичниот круг на кризата на терен и да се намали ризикот од натамошна ескалација“, изјави шефот на европската дипломатија Борел, по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.
