Бугарија
Одлука за нови избори во Бугарија
24.01.2023 11:14
Претседателот Радев треба да донесе одлука за распуштање на 48-то Национално собрание и за термин за следните избори...

Лидерката на БСП Корнелија Нинова го врати неисполнетиот третиот мандат за формирање влада, една недела по преземањето.
Претседателот Радев треба да донесе одлука за распуштање на 48-то Национално собрание и за термин за следните избори. Ова беше последна можност да се создаде влада, откако пропаднаа првите два обиди за формирање редовен кабинет.
