АЕТМ: Онлајн трансакции вредни 25.3 милијарди денари во 2022
Реализирани се вкупно онлајн трансакции вредни 25.3 милијарди денари споредено со истиот период претходната година, кон домашните е-трговци се слеале 18.3 милијарди денари, 94.4% од домашни купувачи...

Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба на Народната банка на Република Северна Македонија во првите девет месеци од 2022 година вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство со домашни и странски картички, изнесува 25.3 милијарди денари (2.8 милијарди денари просечно месечно), што претставува пораст од 28.2% во однос на истиот период минатата година кога се остварила вредност од 19.7 милијарди денари (2.2 милијарди денари просечно месечно).
Гледано по месеци, во третиот квартал почнувајќи од јули кога има пораст од 22.6% речиси ист како порастот во јануари, во наредните месеци се намалува и во септември порастот на вкупните онлајн трансакции изнесува 9.4% во однос на истиот месец минатата година.
Физичките лица во првите три квартали од 2022 година оствариле раст во онлајн трансакциите од 24.8% спрема 36.9% остварени од правните лица, а со тоа се намалува учеството на физичките лица во вкупните онлајн трансакции на 69.6%, стои во соопштението на АЕТМ.
