Роднини на настраданите во несреќата кај Ласкарци се сомневаат дека судењето се одолговлекува
За наредното рочиште, закажано за 26 јануари, е предвидено да се изврши увид во две супервештачења изготвени од два тима на машински и сообраќајни инженери.

Сомнежи, но и револт дека судскиот процес намерно се одолговлекува за да се утврдат виновници за кобната автобуска несреќа кај селото Ласкарци, изразија дел од роднините на настраданите патници. Велат дека супервештачењето нема ништо да промени, само се купувало време.
За наредното рочиште, закажано за 26 јануари, е предвидено да се изврши увид во две супервештачења изготвени од два тима на машински и сообраќајни инженери.
Автобуската несреќа се случи на 13-ти февруари 2019-та. Загинаа 16 патници, а 37 беа повредени. Обвинети во овој судски процес се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.
