Со изградба на автопатиштата ќе се раздвижи економијата

02.05.2014 15:54

Изградбата на трите автопатски делници ќе ја раздвижи економијата во Македонија и ќе ја направи државата поатрактивно место за инвестирање. Истовремено се зголемува вработеноста, а домашните компании добиваат поголеми шанси за работа на патиштата во Европа.

Од трите автопатски делници што  се градат во Македонија во најнапредна фаза е патот  Демир Капија - Смоквица. За интензивирање на работите,  изведувачот на градежните работи,  фирмата Актор  двојно го зголеми  бројот на ангажирани рабтници. Сега сите очекувања одат во прилог на планираната динамика за работа. За компаниите кои имаат бази за производство на асфалт ова е добра можност   и за зголемување на нивното   производство.

„Со зголемување на производство на асфалт во базата може да се згилеми и бројот на вработени во базата дури и шофери, асфалтерски работи, со сето зголемувањена производство на сфалт значи зголемување на се“, рече  Адем Кицара, технички раководител на ЈП Македонија пат – Велес.

Една од основните цели при градбата на автопатите е безбедноста на сообраќајот.Но за економистите подеднакво важно е и вработувањето на неколку илјади работници како  и збогатување на портфолиото на  компаниите  кои се работно ангажирани.

„Оние фирми кои ги изработуваат автопатиштата во своето сиви би добиле уште една референца што значи дека понатаму тие би биле компетентни за аплицирање  на странски пазари“, рече Виолета Галева, економист.

Вкупната инвестиција за изградба на трите автоаптски делници е 776 милиони евра. Модернизацијата на патиштата ќе придонесе Македонија да биде  поатрактивна економска дестинација за инвеститорите.

Според планираното 2018 е  година кога треба да завршат трите автопати кои во моментов с еградат, но и рехабилитацијата на веќе постоечката автопатна линија. Тогаш Македонија ќе има најбезбеден и најмодерен автопат во регионот.

 

Дијана  Иванова