Политика

Продолжуваат калкулациите за окрупнување на мнозинството

24.01.2023 14:47

По вчерашната средба на коалициските партнери нема официјални информации околу окрупнувањето на владиното мнозинство, дали ќе има поддршка Алијанса на Албанците да влезе во владините структури. И додека се прават калкулации, помалите партии од власта со став – да нема политички пазарења и притисоци. Дел најавија дека нема да дадат поддржа за реконструкција на штета на македонскиот политички блок. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ порача предвремени избори се единствен излез од политичката ситуација...

На неколкучасовната работна средба на премиерот Ковачевски со лидерите на коалициските партнери, меѓудругото на маса и евентуалното окрупнување на владиното мнозинство. Премиерот објави на „Фејсбук“ дека се разговарало за активностите што треба да се преземат годинава.

„Во пријатна атмосфера разговаравме за мерките и политиките на владата за справување со глобалната енергетска криза, економскиот развој и енергетската транзиција, за имплементација на владината програма, реформите за европскиот пат и чекорите за обезбедување европска иднина на државата“, напиша Ковачевски на „Фејсбук“.

Дел од помалите партии во власта со свои барања да го поддржат влезот на Алијанса за Албанците во Владата. Демократскиот сојуз прифаќа реконструкција само доколку се обезбеди соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници, во согласност со Амадманот 6 од Уставот. Трајанов смета дека ДУИ треба да отстапи две министерски места. Дали ЛДП ќе даде поддршка Алијанса за Албанците да влезе во владината коалиција, ќе зависи од програмските цели на таа коалиција.

Нашата енергија треба да ја насочиме кон исполнување на европските стандарди. Ова е наш приоритет, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за српска „Политика“. Мицкоски верува во теоријата на мандатот, што според него значи дека една партија оди на избори со програма и ветувања кон своите гласачи, за што ќе работи во наредниот период. Од опозициската партија и натаму се на ставот дека предвремените избори се единствениот излез од политичката ситуација.

Алијанса за Албанците неделава ќе формира комисија којашто би преговарала за евентуален влез во Владата. Официјално, разговори меѓу Ковачевски и Таравари нема, но според партиски информации, на Алијанса веќе и биле понудени министерствата за правда и здравство, неколку заменик-министри и директорски позиции. Алијанса за Албанците неделава ќе формира комисија којашто би преговарала за евентуален влез во Владата. Против влезот на партијата на Таравари во Владата се Алтернатива и „огнените“ од ДУИ. Гаши оценува дека улогата на оваа партија во Владата би била само да го амортизираат расколот кај интегративците. Претседателот на Собранието Џафери смета дека избори нема да го решат проблемот со немањето двотретинско мнозинство, туку дека тоа ќе ја искомплицира целата работа. Повика власта и опозицијата да седнат на заедничка маса и да разговараат.

Милчо Велески