МВР

Приведен крадец во Куманово, следува соодветна пријава

24.01.2023 16:29

СВР Куманово го лишиле од слобода Б.А.(31) од Куманово. Тој се сомничи дека од приватен имот во село Костурник, кумановско, одзел повеќе предмети...

Денеска во 10.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.А.(31) од Куманово. Тој се сомничи дека од приватен имот во село Костурник, кумановско, одзел повеќе предмети.

Б.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.