рак на грло на матка

Раното откривање, клучно за успешно лекување

24.01.2023 17:09

20 на 100 илјади жени годишно заболуваат од рак на матката. Лекарите советуваат да се прават редовни гинеколошки прегледи зашто раното откривање е најважно за успешно справување со болеста, која е втора најчеста причина за смртност кај жените...

Повеќе од 150 жени годишно заболуваат од рак на грлото на матка, велат од клиниката за онкологија. Кај голем дел, болеста е фатална. Лекарите објаснуваат, раното откривање е клучно за лекувањето. Клучни се редовните гинеколошки прегледи со ХПВ тестови, но и вакцинацијата . Таа е задолжителна за девојчињата на 12 годишна возраст.

ХПВ инфекцијата најчесто се пренесува преку сексуален однос. Ракот на грлото на матката е втора причина за смрт кај жената, веднаш по ракот на дојка.

Ракот на грлото на матката е глобален проблем, во светски рамки годишно се регистрираат околу 600 илјади случаи, половина завршуваат со смрт.

 

Андријана Ѓурческа