Брисел

Маричиќ ќе го отвори билатералниот состанок за Поглавјето 7

25.01.2023 07:52

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ кој од вчера е во работна посета на Брисел, денеска ќе го отвори билатералниот состанок за Поглавјето 7 – „Право за интелектуална сопственост“...

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ кој од вчера е во работна посета на Брисел, денеска ќе го отвори билатералниот состанок за Поглавјето 7 – „Право за интелектуална сопственост“.

Попладне, во Европскиот парламент, Маричиќ ќе се сретне со европратениците Ирена Јовева и Дејвид Мекалистер, како и со бугарскиот европратеник и известувач за Република Северна Македонија, Илхан Ќучук.

Утре, главниот преговарач со ЕУ ќе се сретне со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и со новиот генерален директор на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија (ДГ НЕАР), Герт Јан Копман. Маричиќ ќе се сретне и со Марко Маковец, заменикот на Генералната директорка за Западен Балкан во Службата за надворешна политика на ЕУ Ајкхорст, со вршителката на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела и директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ.

Работната посета на Брисел вицепремиерот Маричиќ ќе ја заврши со средба со Симон Мордју, дипломатски советник на Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.