Македонија

Спасовски, Османи и Вал во посета на Полицискиот центар Ѓорче Петров

25.01.2023 08:03

Во посета на Полицискиот центар Ѓорче Петров во Скопје денеска ќе бидат делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од министерот Оливер Спасовски...

Во посета на Полицискиот центар Ѓорче Петров во Скопје денеска ќе бидат делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од министерот Оливер Спасовски, како и делегација од Министерството за надворешни работи, предводена од Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи.

Како што информираат од МВР, гостин на настанот е шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал.