Временска прогноза
Облачно со слаб дожд
25.01.2023 08:11
Времето денеска ќе биде претежно облачно и ќе дува слаб ветер од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде претежно облачно и ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Попладне, во западните и југозападните делови од земјата ќе има врнежи од дожд, a на планините и на повисоките места се очекуваат врнежи од снег, информираат од УХМР.
Претежно облачно време денеска се очекува и во Скопје.
Според најавите на УХМР, ќе следува период на променливо облачно и постудено време, со повремени слаби врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во пониските од дожд и снег.
