Финансиската дисциплина ќе ја подобри ликвидноста на фирмите

02.05.2014 16:21

Законот за финансиска дисциплина од денеска стапува во сила и очекувам дека истиот значително ќе ја подобри ликвидноста на македонското стопанство, истакна министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески.
 
Тој посочи дека се работи за барање на стопанството, домашните фирми на Р. Македонија за воведување на рокови за плаќање на обврските меѓу субјектите од приватниот сектор, но и кога работат субјектите од приватниот сектор со државата.
 
Со воведувањето на стриктни рокови како и обврската да се плаќа во предвидените рокови и предвидувањето на плаќање прекршочна казна и камата ако се отстапи од тие рокови, очекувам дека ќе се прекине практиката на неплаќање на обврските што го правеа и некои фирми кои што имаа добра ликвидност и на некој начин се создаде една култура на неплаќање на обврските. Тоа не е добро за една пазарна економија и за едно функционално домашно стопанство и голем број на фирми се жалеа од таа ситуација и бараа да се изнајдат инструменти со кои тоа ќе се прекине. Токму со законот за финансиска дисциплина излегуваме во пресрет на тие барања, потенцираше Ставрески.
 
Министерот истакна дека тоа е практика и на други земји кои се членки на ЕУ да постојат стриктни, фиксни рокови за плаќање на обврските и верувам дека сите субјекти што работат во сферата на легалната економија, оние кои имаат намера да работат и да склучуваат транскации и да си ги плаќаат обврските ќе бидат со овој закон заштитени и ќе наиде на поддршка и верувам дека целокупно ќе ја подобри ликвидноста и конкурентноста на македонската економија.