Украина

Зеленски: Русија планира нов бран агресија

25.01.2023 09:35

Русија планира нов бран на агресија, на Украина и е потребно оружје. Украинскиот претседател претпазлив за најавите дека од Германија ќе добијат борбени тенкови „Леопард 2“...

Русија планира нов бран на агресија, a почетокот на тој бран веќе се гледа во Донбас, вели Зеленски. Украинскиот претседател претпазлив во однос на извештаите дека германскиот канцелар Шолц се согласил да и достави на Украина борбени тенкови „Леопард 2“.

Според него, не се работи за пет, ни десет, ниту петнаесет тенкови, потребата е поголема. Секој ден правиме сè што е потребно за да го пополниме недостигот, рече Зеленски.

Тој со месеци апелираше до Берлин да му понуди на Киев тешко оружје за да возврати на руските сили.