Германија
Откажани летови во берлинскиот аеродром поради штрајк
25.01.2023 09:57
Сите патнички летови од берлинскиот аеродром Бранденбург денеска се откажани или пренасочени поради еднодневниот штрајк на работниците...

Сите патнички летови од берлинскиот аеродром Бранденбург денеска се откажани или пренасочени поради еднодневниот штрајк на работниците.
Дел од патниците се упатени на аеродромите во Дрезден и во Лајпциг.
Се очекува прекинот на работата да влијае на противпожарната бригада на аеродромот, операциите за полнење гориво, ракувањето со багажот и шалтерите за пријавување на патници.
