Јапонија

Потона товарен брод во Кинеско Море, се трага по членови на екипажот

25.01.2023 10:04

Јапонската и јужнокорејската крајбрежна стража трагаат по осум членови на екипажот на товарниот брод што во текот на ноќта потона во Кинеското Море југозападно од Јапонија...

Јапонската и јужнокорејската крајбрежна стража трагаат по осум членови на екипажот на товарниот брод што во текот на ноќта потона во Кинеското Море југозападно од Јапонија.

Досега се спасени вкупно 14 членови на екипажот. Џин Тиан, товарен брод регистриран во Хонгконг, издаде SOS сигнал доцна навечер во вторникот, по јапонско време.

На помош дојдоа три комерцијални бродови кои се нашле во близина.