Уставниот суд ќе одлучува за ДУП во Центар
Уставниот суд денеска на седница ќе одлучува за донесување конечна одлука по предметот во кој е оспорена Одлука за Детален урбанистички план донесена од Советот на општина Центар од 2014-та година, а се однесува на Градска четврт Ј 07, која ги опфаќа Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара...

Уставниот суд денеска на седница ќе одлучува за донесување конечна одлука по предметот во кој е оспорена Одлука за Детален урбанистички план донесена од Советот на општина Центар од 2014-та година, а се однесува на Градска четврт Ј 07, која ги опфаќа Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара.
На денешната седница, Уставниот суд, меѓу другото, ќе го разгледа и оспорениот член 54, 68, 69 став 1 алинеја 1, член 98 став 1, член 99 став 4, член 100, 101 од Колективен договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст и во дејноста одмор и рекреација на децата.
