Македонија

МВР: Санкционирани 108 возачи на територија на Македонија

25.01.2023 11:03

Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 108 возачи...

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 108 возачи.

Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 56 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 52 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот, да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, соопштуваат од МВР.