Македонија-Бугарија

Ќучук: Враќањето на ветото би било огромна грешка

25.01.2023 11:37

Враќањето на ветото за Скопје би било огромна грешка и ќе ги влоши билатералните односи, смета бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент Илхан Ќучук...

Враќањето на ветото за Скопје би било огромна грешка и ќе ги влоши билатералните односи, смета бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент Илхан Ќучук. Ветото на ниту еден начин не влијаеше позитивно на добрососедските односи, сосема спротивно.

Почнаа провокации, повеќе или помалку, токму од ставањето на ветото, изјави Ќучук за Бугарското национално радио. Според него, тоа што му се случи на Христијан Пендиков е за осуда и тоа го кажале и европските институции.

Ја оценува тензијата меѓу двете земји како висока, која се шири во многу правци и смета дека билатерално ќе има многу бурна непродуктивна година.