Европска унија
ЕК: Со нов план да се зголемат депортациите на илегалните мигранти
25.01.2023 11:51
Европската Комисија предложи мигрантите кои немаат право на престој да бидат вратени во нивните земји на потекло...

Европската Комисија предложи мигрантите кои немаат право на престој да бидат вратени во нивните земји на потекло. Новата стратегија треба да биде усвоена во петок, а главно вклучува поголема соработка меѓу земјите-членки на ЕУ и Фронтекс.
Во 2022 година се регистрирани повеќе од 300 илјади нерегуларни пристигнувања на мигранти, а мнозинството од овие пристигнувања не се квалификувале за азил.
