Вежба на единиците на МВР во Полицискиот центар Ѓорче Петров
Во куќата за пукање во Полицискиот центар Ѓорче Петров се одржа вежба на единиците на МВР, со учество на специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Единицата за службени кучиња при МВР...

Во куќата за пукање во Полицискиот центар Ѓорче Петров се одржа вежба на единиците на МВР, со учество на специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Единицата за службени кучиња при МВР.
Гости на вежбата беа министерот за внатрешни работи Спасовски, Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ, како и шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал.
Османи претходно имаше и средба со Вал, како негова прва теренска посета во улога на претседавач со ОБСЕ, и рече дека негова цел е воспоставување синергија меѓу приоритетите на претседавањето со теренските мисии.
