Македонија

На 4-ти февруари приоритет е безбедноста, уверуваат Спасовски и Османи

25.01.2023 12:59

На 4-ти февруари приоритет е безбедноста, сочувувањето на мирот и стабилноста и јавниот ред, уверува министерот за внатрешни работи Спасовски. Шефот на дипломатијата Османи порача дека треба да се забрани влез на секој кој ќе негира постоење на македонскиот народ...

На 4-ти февруари приоритет е безбедноста, сочувувањето на мирот и стабилноста и јавниот ред, уверува министерот за внатрешни работи Спасовски. Посочи дека секогаш имало структури кои заради лични или политички интереси сакаат да се нарушува процесот на стабилизација на односите, но Спасовски вели-нема да се дозволи тоа.

„Работиме заедно со безбедносните служби со размена на безбедносни податоци и информации, и врз нивна основа МВР ќе носи одлуки. Тоа ќе значи заштита на мирот и безбедноста и најважно заштита на националниот интерес, на правото на самоопределување и на достоинството на македонскиот народ“, изјави министерот Спасовски.

Шефот на дипломатијата Османи порача дека треба да се забрани влез на секој кој ќе негира постоење на македонскиот народ.

„Секој кој ќе даде изјава со која негира народ или има територијални претензии, истиот ден ќе му се забрани влез. Тоа треба да го знаат сите. Ако го знаат ќе бидат многу внимателни, и мислам дека само на овој начин ќе го прекинеме овој циклус“, нагласи шефот на дипломатијата Османи.

Ќе се грижам за сите заедници во земјава. Моето одење во Софија, вели Османи, е да покажеме дека немаме дискриминација кон Бугарите.

Премиерот Ковачевски денеска изјави дека сѐ што е во надлежност на Владата ќе биде направено, со цел да се гарантира мирно и достоинствено одбележување на 4-ти февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев.