Промоција на првото одделение за односи со јавноста на јавното обивнителство
Промоцијата на првото одделение за односи со јавноста на јавното обивнителство, новинарите ја искористија за прашања во врска со случаите Ровер, Актор како и за последните наводи на извесниот Загорац Тумбевски во однос на неговите исплати на готовина до владејачката партија. Обвинителот Зврлевски дециден се анализира се , но сеуште тврдењата на Загорец се со низок степен на основаност на сомнение.

Претставувањето на одделението за односи со јавноста при обвинителството, прво до сега, го фрли во сенка големиот интерес намедиумите за последните случаи како Актер, Ровер и наводната афера со Македонска банка и тврдењата на извесниот Загорец Тумбевски за исплата на готовина на каса прими во владејачката ВМРО - ДПМНЕ. Обвинителот Зврлевски, посочи дека според законските обврски сите случаи ги анализираат во фази и степени. Тврди дека во случајот на Загорац Тумбевски има низок степен на основаност на сомнение. Но не исклучи дека ќе побара да се истражи дали има потврди за одземени предмети. Лично ги слушнал аудио материјалите преку медиумите и според анализите обвинителството ќе одлучува.
Зврлевски го прифати како кривична пријава поднесокот на група новинари на самата прес конференција поради како што тврдеа наводни јавни закани за линч од друго лице. Во однос на канцеларијата обвинителот изрази задоволство поради можноста за поглема транспарентност кон јавноста и побрзи информации до медиумите.