Северна Кореја

Пјонгјанг затворен пет дена поради неодредено распираторно заболување

25.01.2023 13:46

Властите во главниот град на Северна Кореја наредија петдневено целосно затворање поради зголемување на случаите на неодредено респираторно заболување...

Властите во главниот град на Северна Кореја наредија петдневено целосно затворање поради зголемување на случаите на неодредено респираторно заболување.

Во владиното соопштение не се споменува ковид-19, но се наведува дека жителите на Пјонгјанг мора да останат во своите домови до недела и да ја мерат температурата неколку пати на ден. Не е познато дали и други области имаат воведено слични ограничувања.