Крушево

Одбележан роденденот на Тоше

25.01.2023 14:45

Одбележување на роденденот на големата македонска и балканска ѕвезда, нашиот Тоше Проески. Многу обожаватели од земјава и од странство му оддаваат почит на неговото вечно почивалиште...

Требаше да слави 42-ри роденден. Веќе 16-та година останува сеќавање, почит, радост што го имавме и приврзаност за големата македонска и балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески. Крушево и обожавателите од земјава и странство го одбележаа сеќавањето за Тоше на неговиот роденден.

„Неговиот ден на раѓање носи дополнителни емоции, а за нас е вечен. Секоја година доаѓам. Тоа е потреба. Ова ни е втор дом“, рече Стела Прилан Фејс.

Спомен куќата на Тоше на Гумење, најпосетуваниот музеј на овие простори, промовираше изложби, концерт насловен „Ангел си ти“ и 42 маички со пораки и мотив.

Тоше беше и љубов, потврдува младата русинка Наташа која токму поради Тоше ја пронајде својата љубов и стана крушевчанка.

За Тоше Проески се навестува и филм. Животот го загуби во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска на 16-ти октомври 2007 година.

Елизабета Митреска