Прифатено барањето за намалување на ДДВ
Владата го намали ДДВ-то за сточна храна,адитиви и за жив добиток , а земјоделците ветија зголемување на производството на свежо месо и пониски цени . Прифаќањето на барањето на фармерите и сточарите ќе овозможи зголемена продукција на добиточна храна, која е дефицитарна на домашниот пазар ,но во голема мерка влијае при формирање на крајната цена на свежото месо .

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески вели дека придобивките од оваа мерка ќе бидат повеќекратни ,пред се со намалувањето на ДДВ ќе дојде до намалување на трошокот ,односно цената на чинење за производството на месо и на млечни производи во РМ , што значајно ќе ја зголеми конкурентноста на македонското сточарско производствои ќе станеме поконкурентни во европски размери .
Ставрески очекува намалувањето на стапката да резултира со драстично намалување на сивата економија во овој сегмент,како и исплатата во готовина .Покрај другите мерки досега е намалено ДДВ-то за земјоделска механизација и за опрема,а субвенциите постојано се зголемуваат .Крајниот ефект ,според Ставрески , треба да биде поефтино и поконкурентно земјоделско производство .
,,Ние ќе ја зголемиме конкурентноста.Ќе имаме многу поголема продуктивност,ќе го зголемиме производството ,ќе се намали увозот на сточарски производи ,а ќе го зголемиме вработувањето во земјоделството.”-најави Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделски производители .
,, Ние сме исклучително благодарни и мислиме дека мерката уште оваа година ќе даде очигледен резултат ,како во производството на жива стока така и во производството на сточна храна .”-смета Веле Ристоски од Земјоделската задруга ,,Единство” од Челопек.
Новата мерка доаѓа во вистинско време ,велат фармерите .Последните месеци домашните производители целосно ги задоволуваат потребите од свежо свинско месо , а сега се работи на зголемување на производството и покривање на барањата на месната индустрија.
Свето Николовски