ЗДРАВЈЕ

Бенефити од консумирање на авокадо

25.01.2023 18:04

Авокадото е извор на витамини Ц, Е, К и Б6, фолна киселина, пантотенска киселина, магнезиум и калиум. Тие исто така обезбедуваат лутеин, бета каротен и омега-3 масни киселини...

Секојдневното консумирање на авокадо е добро за вашето здравје. Авокадото е зелено овошје во облик на круша. Исто така е наречено путер овошје или алигатор круша. Изобилува со здрави масти, влакна и разни важни хранливи материи. Авокадото е извор на витамини Ц, Е, К и Б6, фолна киселина, пантотенска киселина, магнезиум и калиум. Тие исто така обезбедуваат лутеин, бета каротен и омега-3 масни киселини.

Содржи високо ниво на здрави, корисни масти, што може да му помогне на човекот да чувствува ситост помеѓу оброците. Исто така изобилува и со моно-незаситени масти, влакна и калиум. Маслото од авокадо има висока концентрација на олеинска киселина, која е одлична кога сакате да изгубите тежина, особено кога ќе го комбинирате со редовно вежбање и здрава исхрана.

Авокадото се смета како совршен лек и за дигестивни нарушувања. Се користи во козметиката за производство на креми поради виокиот процент на антиоксиданти кои помагаат во заштитата на кожата од оштетување.