Германија

Две лица убиени во напад со нож во воз

25.01.2023 20:32

Инцидентот се случил на станицата Брокштет, на регионалната линија Кил-Хамбург...

Маж со нож усмрти две лица во воз во северна Германија. Инцидентот се случил пред возот да пристигне на железничката станица во Брокштед. Возот патувал на релација Кил-Хамбург.

Мотивот на нападот во кој се повредени уште пет лица не е познат. Напаѓачот е уапсен.