Грција
Почна расправата за недоверба на Владата на Мицотакис
25.01.2023 22:55
Предлогот има за цела да ги брани демократијата, транспарентноста и правдата...

Почна расправата во грчкиот парламент за барањето за изгласување недоверба на Владата на премиерот Мицотакис по аферата со телефонско следење. Предлогот го поднесе претседателот на опозициската партија СИРИЗА, Алексис Ципрас кој започна жесток напад против премиерот и Владата, велејќи дека тие не можат да останат на својата позиција.
Предлогот има за цела да ги брани демократијата, транспарентноста и правдата. Грчкото општество веќе шест месеци живее со откритијата за незамислив број на пресретнувања, рече Ципрас. Дискусијата се очекува да заврши во петок.
