На истокот на Украина се отвора фронт

02.05.2014 16:54

На истокот на Украина се отвора фронт меѓу војската и проруските сепаратисти. Армијата која го опколи Славјанск, иако ја изведува до сега најконцентрираната акција, напредува минимално. Киев соопшти дека бунтовниците урнале два воени хеликоптери. Москва јавува за три. Наводно, двајца пилоти загинале, третиот го спасиле проруските активисти. Загинат е најмалку еден војник и еден припадник на сепаратистите и има повеќе ранети.

Почна околу 4 часот.

Слушнавме истрели. Летаа Хеликоптери. Беше страшно. Биеја камбаните на црквата.

Ова е напад на националната гарда и на Десниот Сектор. Сега се на периферијата од градот, не во центарот. Два Ми-24 беа урнати. Еден пилот е заробен. - Вјачеслав Пономарјов, самоназначен градоначалник на Славјанск

Меѓусебни обвинувања за американски командоси и руски специјалци на истокот, додека тешко вооружено е самото население. Претседателот Путин обвинува за казнена акција која ги поткопува темелите на Женевскиот договор.

Европските престолнини и Вашингтон да направат реална проценка и да побараат од тие што користат авијација во населени области да се премислат. - Димитри Песков, портпарол на рускиот претседател

Русија веќе побара вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации. Ескалацијата е тема и на средбата Обама-Меркел. Во меѓувреме, во литванските води се закотвија пет воени бродови на НАТО

Знаеме дека е голема земја со различни погледи и очекувања на луѓето. Затоа имате парламент, затоа имате луѓе што ве претставуваат во парламентот. ­ Кетрин Ештон, шеф на дипломатијата на ЕУ

Киев забрани руски летови над Доњецк и Харков, но нередите се проширија во Одеса каде што собир за украинско единство беше прекинат од поддржувачи на Москва. Во Доњецк, сепаратистите зазедоа пруга и го парализираа железничкиот сообраќај.