Санкционирани 148 возачи во Скопје, 17 за брзо возење
На територија на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Изречени се 14 пет санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за возење под дејство на алкохол.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.
