Велес

Хабитат во Велес ќе пушти во употреба зграда со 12 станови за семејства со ниски приходи

26.01.2023 08:58

Денеска, со почеток во 12:00 часот, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе биде дел од настанот на Хабитат Македонија...

Денеска, со почеток во 12:00 часот, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе биде дел од настанот на Хабитат Македонија на кој ќе се пушта во употреба зграда во населбата Хабитат во Велес, изградена во рамки на традиционалната програма на Хабитат за обезбедување на домови за семејства со ниски приходи.

Зградата е изградена во рамки на традиционалната програма на Здружение за хумано домување Хабитат Македонија за обезбедување на домови за семејства со ниски приходи. Оваа зграда во Велес има 12 станови.