Косово

Лајчак: Страната што ќе го одбие предлогот ќе ја загуби поддршката

26.01.2023 09:13

Специјалниот пратеник на ЕУ за Белград и Приштина порача – страната што ќе го одбие предлогот ќе ја загуби поддршката...

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак во посета на Приштина. Неизвесно е дали ќе оствари средба со премиерот Албин Курти.

Во однос на сценариото доколку едната страна го одбие француско – германскиот предлог, Лајчак потенцира дека страната што ќе го отфрли европскиот предлог ќе се соочи со губење на европската поддршка.

Специјалниот пратеник посочи и дека откако двете страни ќе покажат дека се подготвени да го прифатат европскиот предлог, ќе се организира заедничка средба на претставниците на Белград и Приштина во посредство на ЕУ и САД.