Украина
Зеленски од Запад бара ракети и авиони
26.01.2023 09:30
Украинскиот претседател Зеленски бара и ракети и воени авиони од западните сојузници...

По германските и американските тенкови, украинскиот претседател Зеленски бара ракети со долг дострел и воени авиони. Иста форма на помош најави и Норвешка. За Москва, снабдувањето на Киев е опасна провокација.
„Ние исто така мора да ја прошириме нашата соработка во артилерија, мора да влеземе во снабдувањето со авиони за Украина. И ова е сон. И ова е задача“, рече Зеленски-претседател на Украина.
Руските сили продолжуваат со офанзивата во Доњецк.
