СДСМ: Мицкоски со денови го нема во јавност, дали се крие од срам или во договор со Апасиев?
Поради неговите деструктивни политики и делувањето против интересите на граѓаните и државата Мицкоски стана заложник на Левица и на Апасиев и затоа тој често пати е поекстремен и порадикален во своите настапи, за да не заостане зад Аласиев, велат од СДСМ...

Христијан Мицкоски со денови го нема да се појави во јавноста, ниту како прв човек на ВМРО-ДПМНЕ, ниту како шпицен градоначалник. Дали се крие од јавноста од срам, откако му потонаа сите лаги, откако сите негови прогнози се покажаа неточни, или се крие во договор со Апасиев- прашуваат од СДСМ.
Поради неговите деструктивни политики и делувањето против интересите на граѓаните и државата Мицкоски стана заложник на Левица и на Апасиев и затоа тој често пати е поекстремен и порадикален во своите настапи, за да не заостане зад Аласиев.
Сѐ што има Мицкоски зад себе се лажни вести и дезинформации и отсуство на став за најважните државни прашања, стои во соопштението.
