Судско рочиште за сообраќајната несреќа кај Ласкарци
Судско рочиште за сообраќајната несреќа кај Ласкарци. Се испитуваа експертите кои го изготвија супервештачењето. Роднините на настраданите обвинија дека рочиштето се претворило во циркус...

Во текот на распитот за несреќата кај Ласкарци постојано имаше упаѓања и препирања меѓу обвинителот, вештаците, адвокатите и судијката. Одбраната на обвинетите негодуваше поради прашањата на обвинителот за стручноста и компетентноста на вештите лица наместо за суштината.
Роднините на настраданите кај Ласкарци обвинија дека супервештачењето е нарачано во корист на обвинетите. На обвинителот не му се дозволувало да ги распрашува вештаците кои според нив е очигледно дека не се компетентни, ниту стручни бидејќи не можеле самостојно да одговорат на поставените прашања.
Да се сведе вината само на шоферот е обид да се заштитат вистинските виновници, вели таткото на Јовица Трпевски кој настрада во несреќата.
Во случајот за несреќата кај Ласкарци обвинети се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо Турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, возачот на автобусот, како и тројцата вработени во станицата за технички преглед.
Фиљана Кока
