АГРО Белград 2023

Николовски во Белград на меѓународниот саем за земјоделство АГРО Белград 2023

26.01.2023 14:58

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, со српската министерка Јелена Тансковиќ и ресорните министри од Црна Гора и Република Српска, во Белград престојуваа на отворањето на меѓународниот саем АГРО Белград...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, со српската министерка Јелена Тансковиќ и ресорните министри од Црна Гора и Република Српска, во Белград престојуваа на отворањето на меѓународниот саем АГРО Белград.

На овој најголем регионален саем за овоштарство, градинарство и лозарство со поддршка на министерството се презентира и македонската преработувачка асоцијација со 11 компании, од кои лани само конзервната индустрија оствари рекорден извоз од 100 милиони евра, што е поттик за нас да го поддржиме нивното претставување во странство, изјави Николовски.

Овој Саем е доказ и за ефектите што ги дава Отворен Балкан и ние со министрите пративме порака иницијативата да се прошири со приклучување и на други земји, кажа Николовски.

Минатата година со поддршка на ресорното министерство македонските компании во странство имаа рекордно претставување на над 15 саеми, а годинава преку програмата за рурален развој по Берлин и Белград, во февруари македонските компании ќе се презентираат и на поголемите саеми во Германија.

 

Оливер Бранковиќ