Царинска Управа

Кутиров: Преку развој на институционалните капацитети до подобри резултати на Царината

26.01.2023 19:09

Одбележан Светскиот ден на Царината под мотото „Негување на следните генерации: Промовирање култура на споделување знаења и професионална гордост на царината“...

„Размената на знаења и зајакнување на институционалниот капацитет се од витално значење за ефикасно штитење на државните граници и финансиските интереси на државата, олеснување на трговијата и развој на економијата преку градење на служби базирани на знаење“, истакна директорката Славица Кутиров на настан по повод одбележување на Светскиот ден на Царината под мотото „Негување на следните генерации: Промовирање култура на споделување знаења и професионална гордост на царината“.

На настанот Царинската управа додели сертификати на Светската царинска организација за посебни заслуги на царински службеници, претставници на царински застапници, како и на вработени во владини и меѓународни институции кои активно придонесуваат во подигнувањето на институционалните капацитети преку споделувања знаења и искуства.

„Преку менаџмент базиран на споделувања знаења вложуваме во градењето на човечкиот капитал, како и во градењето модерна институција. На овој начин ги охрабруваме младите вработени, но и искусните, да го постигнат она што го можат најдобро. Нивните заложби се видливи во минатогодишните резултати при што беа постигнати зголемени приходи за 15 проценти, но и двоен раст на случаите на заплени, како и нови ИТ системи со што се овозможи олеснување на трговијата како клучен аспект во зголемување на конкурентноста на компаниите“, истакна директорката Кутиров.