Временска прогноза

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд и снег

27.01.2023 07:54

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено, информираат од УХМР. Ќе има повремени локални врнежи од дожд и снег во пониските места, како и врнежи од снег на повисоките места и на планините...

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено, информираат од УХМР. Ќе има повремени локални врнежи од дожд и снег во пониските места, како и врнежи од снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 5 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со услови за повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 5 степени.